ВИДЕО | Се родило јаре со очи во средината на челото, а погледнете што му излегува од носот

Можело да се движи, но било бавно со слаби екстремитетиВистинско чудо се случи на Филипините кога се роди јаре со бизарен изглед.Козата претходно родила две здрави јариња, а кога третото излегло, фармерот имал што да види. Пред него лежело чудно суштество .Јазикот му излегувал од ноздрите, кои „служеле“ и како уста. Бидејќи не можело да цица, фармерот го хранел јарето со шише.Официјален претставник од покраинската ветеринарна канцеларија, кој го погледнал животното, вели дека имало развојен проблем додека тоа било во утробата.
Тој додаде дека во такви случаи животните имаат мали шанси да преживеат.Се верува дека јарето има „циклопија“, ретко пореметување при раѓање кое може да влијае на други цицачи, вклучително и луѓето (еден од 16.000 случаи).Деформацијата се карактеризира со едно големо око на челото, бидејќи очните дупки не се развиени, носот обично недостасува или е деформиран, а понекогаш недостасува и устата.Ова нарушување е именувано по познатите еднооки џинови од грчката митологија.Видеото може да го погледнете ТУКА.

Пронајдете не на следниве мрежи: