Наспроти сериозноста на ситуацијата во Србија и граѓанските конфликти меѓу приврзаниците на власта и антивладиното движење предводено од студентите, една изјава на член на прорежимското контрадвижење „Студент кои сакаат да учат“ внесе смеа и позитивно предновогодишно расположение.
Изјавата е тешко да се прераскаже, а елоквентноста и стилот на изразување на студентот на, како што самиот вели, дури два факултета, вреди да се искусат без каква било најава и прераскажување:
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави, а импровизираниот камп со приврзаници на власта пред Парламентот утрово беше растурен, откако таму се случија неколку криминални и насилни инциденти. Таму, сега, за новогодишните и божиќните празници, ќе никне „божиќен базар“, најавија властите.



