(Видео) Сточарите се заканија со протести како во Европа: „Ќе дојдеме со трактори пред Влада!“

Денеска пред Владата на Република Македонија, Сојуз на одгледувачи на овци на Република Македонија и КСОМ имаше прес – конфернција на која одгледувачите на овци ги искажаа своите проблеми и барања.

Субвенциите кои им следуваат од државата се уште не им се исплатени, иако одгледуваат многу грла на овци и произведуваат производи како млеко, месо и сирење не можат да продолжат со нормалното одгледување на добиток бидејќи немаат средства кои им овозможуваат продолжување на работата.

Сточарите најавија блокади на патишта, со трактори, како во Европа, ако не им бидат исплатени субвенциите кои каснат веќе година и половина.

Нивните барања се до Министерот за земјоделие и Владата, да им се исплати она што им следува за да може да продолжат со нормален тек на работата и одгледувањето на животните.

Пронајдете не на следниве мрежи: