(Видео) Сурово однесување на полицијата во Србија – брутално претепани граѓани

Граѓаните на Ваљево одговорија на повикот на студентите да се соберат претходната вечер на протест наречен „Вечерва пукате по шaвови“. Полицијата во Ваљево беше брутална кон демонстрантите и како што можете да видите на видеата, тие брутално ги претепаа граѓаните, пренесува Нова.рс.

Целата претходна вечер во Ваљево беше исклучително напната. На раскрсниците на најпрометните  улициимаше двоен кордон од полиција во опрема за разбивање на демонстрации, кој не им дозволуваше на граѓаните да поминат понатаму кон Хајдук Вељкова. Собраните граѓани скандираа против актуелната влада, претседателот и припадниците на полицијата, наведува Нова рс.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат униформирани полицајци како користат сила врз граѓаните. Голем број граѓани се обиделе да избегнат полициска интервенција со тоа што се засолниле во хаусториите на станбените згради, но полицијата буквално ги бркала и ги претепала до смрт.

Неколку полицајци во опрема за немири претепале еден млад човек.

Според објавите на граѓаните на Ваљево, полицијата апсела и тепала секого пред себе, дури и граѓани кои не биле учесници во протестот. Како што е наведено во објавите на социјалните мрежи, полицијата ги извлекувала луѓето од околните барови, ги тепале и ги приведувале.

Milica Matić on X: “Ruke im se osušile! 🤬 https://t.co/Bjcc4ksAo9” / X

Пронајдете не на следниве мрежи: