(Видео) Трамп не одговори на прашањата на новинарите за поразот на Орбан

Реакции на резултатите од унгарските избори пристигнуваат од целиот свет, од министри до шефови на држави. Новинарите го прашаа и американскиот претседател Доналд Трамп за поразот на Виктор Орбан, но тој реагираше неочекувано. Снимките што кружат на платформата X го покажуваат Трамп како, штом новинарите почнале да го прашуваат за Орбан, престанува да одговара и си заминува без коментар. Долгогодишниот националистички лидер на Унгарија, Виктор Орбан, го призна поразот по 16 години на власт.

Пронајдете не на следниве мрежи: