(Видео) Трамп одговори на прашањето – дали би наредил да го уапсат Путин како Мадуро: Не мислам дека ќе биде потребно

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти апсењето на рускиот претседател Владимир Путин „би било неопходно“, одговарајќи на новинарски прашања за време на состанок со директори на големи нафтени компании.

Изјавата уследи откако новинарите го прашаа Трамп дали би размислил за примена на исти мерки кон Русија какви што САД неодамна презедоа во Венецуела против претседателот Николас Мадуро.

„Секогаш сум имал одличен однос со него. Многу сум разочаран. Завршив осум војни. Мислев дека оваа ќе биде некаде на средина или можеби една од полесните“, изјави Трамп, алудирајќи на војната во Украина.

Американскиот претседател додаде дека е оптимист во однос на можноста за постигнување договор за ставање крај на војната во Украина, без да навлезе во детали за евентуалните чекори или временска рамка.

Пронајдете не на следниве мрежи: