(Видео) Трамп ѝ даде 100 долари бакшиш на доставувачка на сендвичи

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ даде 100 долари бакшиш на доставувачката која му однесе пакет сендвичи во Белата куќа.

Трамп ѝ ги предал парите на Шерон Симонс од Арканзас, а моментот го забележал фотограф од прес-тимот на Белата куќа.

Пораката е за данок на бакшиш. Настанот бил организиран за да се промовира одредба во републиканскиот закон со кој се ограничува данокот на бакшиш.

Симонс по испораката изјави дека мерката ѝ помага, но таа исто така ги истакна проблемите со зголемувањето на цените на горивата поради војната во Иран.

„Цените на горивата влијаат на сите нас. Тоа не е само наш проблем, тоа е проблем на сите“, рече таа.

Таа додаде дека DoorDash нуди одредени бенефиции за возачите.

Пронајдете не на следниве мрежи: