четврток, 26 ноември 2026
Најново

(Видео) Уште еден човек прегазен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уште еден човек вечерва е удрен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“ – еден од најопасните во Скопје за пешаците и велосипедистите.

На социјалните мрежи е објавена снимка направена непосредно по несреќата, на која се гледа повредениот човек како седи на коловозот, додека минувачи се обидуваат да му помогнат.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од полицијата сè уште нема официјални информации за несреќата и за здравствената состојба на човекот.

Пред неполн месец, на истиот пешачки премин возач на џип прегази жена и избега од местото. Тој подоцна беше уапсен на патот кон Средно Водно.

Поврзани вести