четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВИДЕО: Хаос во Демир Хисар откако полиција влета во дом на директорка која насилно сакаат да ја сменат од функција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По информациите кои ги доби Инфомакс, дека во домот на директорката Маја Лозановска се врши полициски притисок, каде што полицијата насилно сака да ја извади од дома, иако таа е на боледување, на социјалните мрежи се појави видео од местото на настанот.

На видеото се гледа како пред куќата на Лозановска има медицински тим и полициски тим, на чело со началникот кој насилно сака да ја лиши од слобода.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во видеото се слуша како медицинскиот тим констатира дека здравствената состојбата на Лозановска не дозволува да оди на информативен разговор, а началникот одговара дека „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“

Иако наредбата била издадена да се изврши претрес во куќата на директорката во наредните 15 дена, полицијата одлучила тоа да го направи вечерва, ден пред избори

Градоначалникот на Демир Хисар, сака да ја разреши директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ Маја Лозановска, за да може да стави партиски кадар на нејзиното место


Поврзани вести