(Видео) Шега го задоцнила 4 часа летот од Тунис: Србин ѝ рекол на стјуардесата дека е терорист и дека има бомба

На аеродромот во градот Монастир во Тунис, синоќа се случил инцидент во кој учествуваше државјанин на Србија, кој ѝ рекол на стјуардесата дека е терорист и дека кај себе има бомба.

Според пишувањето на медиумите во Србија, до оваа ситуација дошло за време на качувањето на чартер-летот што го организира авиокомпанијата Air Serbia.

На социјалните мрежи беше објавена и снимка од аеродромот на која може да се види како се прегледува авионот по евакуацијата, која следувала откако државјанинот на соседната земја ѝ рекол на стјуардесата дека кај себе има бомба.

Медиумите во Србија наведуваат дека мажот бил под дејство на алкохол и дека станувало збор за шега, која надлежните служби ја сфатиле сериозно.

Пред евакуацијата на патниците и прегледот на авионот, Србинот бил уапсен. Летот, наместо во 19:50 часот, полетал пет минути по полноќ по локално време во Монастир.

Видеото погледнете го тука.

Пронајдете не на следниве мрежи: