Фудбалерите на Норвешка и Шпанија играа во дербито од групата А, натпреварот од 8. коло од квалификациите за одење на Европското првенство.
По првите 45 минути немаше голови, а најголема заслуга за тоа има Алваро Мората.
Напаѓачот на Шпанија постигна гол во 20. минута, но по ВАР проверката беше поништен. Сосема оправдано бидејќи Алваро Мората беше во офсајд.
- „ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица
- Турското оружје го освојува светот: Минатата година имаа извоз од 10 милијарди долари, а оваа година одат кон нов рекорд
- Славески за клиентите на Алта банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идните приливи
- Колку се опасни енергетските пијалоци за срцето? Ново истражување дава податоци
- Зошто е препорачливо да пиете чај од ѓумбир кога имате проблеми со желудникот?
- Осум полицајци уапсени во врска со смртта на Далибор Драгиевиќ, братот обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ
- Форумот за образовни промени поднесе тужба против МОН: Студентскиот оброк не е прашање на милост
- Дали знаете што е „теорија на кутии“? Трендот во машко-женските односи ги запали мрежите
- (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ
А токму поради оваа ситуација Алваро Мората е предмет на потсмев на социјалните мрежи ширум светот. Се разбира, освен во Шпанија, каде моментално е на столбот на срамот.
Шпанците изведоа одличен напад, еден од Шпанците ја испрати топката кон средината, но домашните дефанзивци ја одбија топката и таа се упати кон празната мрежа. И таму би завршила за водство на Шпанија. Но Алваро Мората се појави од никаде и побрза да ја испрати топката во мрежата за да може да биде заслужен за голот. Резултат – ВАР покажа дека е од офсајд.
Пронајдете не на следниве мрежи:



