Голем пожар изби во фабриката “Макпрогрес“, позната по брендот “Винчини“. Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони.
На помош тргнаа пожарникари од Штип, Св. Николе, Струмица и Пробиштип.
Информациите на Инфомакс велат дека штетата во фабриката се брои во 10тици милиони евра со тоа што некои неконзервативни проценки велат дека штетата достигнува и до 50 милиони евра.
Неофицијално речиси целата фабрика била зафатена од големиот пожар.
Исто така неофицијално нема повредени од пожарот.



