Израелските одбранбени сили објавија дека десетици нивни авиони погодиле цели во населбата Ал Фуркан во Газа.

На официјалниот профил на израелската армија на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) е објавено застрашувачко видео од нападот.
- Европската комисија застана зад Туск: Бара од полскиот претседател да одобри именување нови судии
- Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
- Хари и Меган во паника: Темни тајни од палатата излегуваат на виделина – Оваа жена е виновна за сè
- Финска подарува патување за самци од целиот свет: Еве што треба да направите
- Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна би зафатила значително поширок регион
Израелските одбранбени сили тврдат дека населбата е „гнездо на теророт“ за Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека воениот одговор на Хамас во Појасот Газа „ќе го промени лицето на Блискиот Исток“.
- Државата Израел ќе го преврти секој камен за да ви помогне на сите. Ве молиме, останете силни бидејќи ќе го промениме Блискиот Исток – рече Нетанјаху, а неговите зборови ги објави неговиот кабинет.
Израелскиот премиер истакна дека Израел е во екот на воена кампања и додаде дека земјата се соочува со тешки денови.


