Ѓоковиќ тренира со Калин најдобриот македонски тенисер во Дубаи

Новак Ѓоковиќ моментално е во Дубаи каде тренира и им дава совети на младите тенисери.

Тој имаше можност да тренира со Македонецот Калин Ивановски, и да му даде неколку совети. Вистинска привилегија е што тенисерите имаат можност да слушнат искуства од најдобриот тенисер во светот, а уште поголемо е што Ноле сака да сподели знаење и искуство со нив. Затоа Ивановски има вистинска среќа што може да учи од Новак.

Ѓоковиќ ќе остане во Дубаи уште неколку дена, а потоа ќе се пресели во Ријад, каде на 27 декември ќе одигра егзибиција со Карлос Алкараз, а потоа патува за Австралија.

На 31 декември ќе го видиме на терен бидејќи ќе игра во Купот на Јунајтед каде Србија ќе игра во групата Е во Перт. Јижен Жанг, првиот Кинез кој влезе меѓу 100-те најдобри на АТП листата во историјата, ќе биде првиот противник на Новак Ѓоковиќ во новата сезона. Овој натпревар од групата Е е закажан за 31 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.