сабота, 21 ноември 2026
Најново

Викендов во Скопје 19 сообраќајки и 10 полесно повредени лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди од вкупно 19 што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета матерјална штета.
Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 144 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 58 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест почетници. Полицијата од сообраќај исклучила седум технички несправни и 42 нерегистрирани возила. Евидентирани биле и 163 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило “пајак“ биле подигнати 153 возила.
Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 11 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед, мотор, мопед и мотоцикл, десет за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Поврзани вести