Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје- Еве кои улици ќе бидат затворени

Во текот на викендов (27/28.04.), а по повод празникот Велигден, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници како во централното градско подрачје на Град Скопје, така и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Утре (27.04.) во периодот од 18 часот па се до завршувањето на настаните во врска со празникот, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: булеварот “Партизански Одреди” – од крстосницата со ул.„Аминта Трети” до крстосницата со булеварот “ВМРО”, и булеварот “Свети Климент Охридски” – од крстосницата со бул.“Илинден” до крстосницата со ул.“Димитрие Чуповски”.

Покрај ова, на возилата од јавниот градски сообраќај кои што поминуваат преку мостот “Гоце Делчев” им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.“Илинден” и преку ул. “Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул. “Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул. “М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општината Ѓорче Петров по потреба ќе бидат затворени за сообраќај сообраќајницата од црквата “Свети Петар и Павле“ десно по бул. “Партизански Одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и сообраќајот од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром, пак, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.