Викендов почнуваат разговорите со коалиционите партнери за најавената реконструкција на Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски од Струмица каде вечерва партијата ќе го слави 36.роденден изјави дека во петок и сабота се закажани средбите со Вреди и ЗНАМ.
– Сега не сме пред избори, сега сме во втората половина од мандатот, имаме исклучително коректна и пријателска соработка со „Вреди“. Очекувам во таа насока да продолжиме. По реализирањето на нашата соработка, по изборите во 2024 година, следуваа локалните избори, каде што тие убедливо победија во 10 општини, така што не гледам пречка во овој момент нашата соработка да не продолжи, изјави Мицкоски.
Пред некој ден Мицкоски рече дека фокусот на реконструкцијата ќе биде пред се во содржината.
Коалициските партнери – Вреди и Знам очекуваат да ги задржат добиените министерски места
The post Викендов почнуваат разговорите за владината реконструкција appeared first on Provereno.



