четврток, 12 ноември 2026
Најново

Викендов сончево, од понеделник промена на времето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -7 до -4, а дневната од 4 до 12 степени.
И во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне со услови за слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Ваквото стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини ќе се задржи до недела. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во недела и во понеделник претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините. Во сабота и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер.

Поврзани вести