четврток, 26 ноември 2026
Најново

Викендот ќе биде ладно, со можен снег на планините

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Под влијание на релативно ладна воздушна маса што од север се спушта кон земјата, Македонија за време на викендот ќе ја очекува променливо облачно и релативно студено време со сончеви периоди.

На планините над 1000 метри надморска височина локално ќе има повремено провејување снег, а слаби снегулки повремено се можни и под оваа кота, особено во западните и северните дечови.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Метеоролозите предупредуваат дека слабо провејување снег е можно и во некои повисоки населени места, при што повремено ќе се засилува и северниот ветер.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерени сончеви интервали и со слаб до умерен северен ветер.

Температурите наутро ќе се движат од -3 до 5 степени, а преку ден ќе достигнуваат од 3 до 12 степени. Во Скопје утринската температура ќе падне до околу 3 степени, додека дневната ќе се искачи до околу 8 степени.

Поврзани вести