Викторија Лоба го покажа свршеничкиот прстен, се мажи?

– Можеби сум се омажила, а вие уште не знаете – изјави пејачката Викторија Лоба за “Женски магазин“ во февруари годинава, на традиционалниот Саем за венчавки каде што беше дел од моделите кои носеа венчални фустани.
Сега, како што објави естрадниот магазин “Бекстејџ“ Викторија навистина ќе се мажи, а пред нивната камера таа за првпат го покажала свршеничкиот прстен. Инаку таа е во долгогодишна врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи Калешов. Повеќе за нејзината свадба тие најавуваат во вечерашното издание на “Бекстејџ“.
Пред извесно време Викторија беше во САД. Локацијата ја откри – Mајами, придружбата исто така – пејачката беше таму со истиот човек со кој е и дома во Скопје, со љубовта со која го дели животниот престој или заедничкото живеалиште, ама целта на патувањето остана енигма: работа или чисто прошетка заради задоволство? Но, она што осамна во вид на најнови фотографии на нејзиниот Инстаграм профил ја става јавноста не само во дилема, туку и во недоумица: Да не е се работи за нешто сосема трето?
Викторија се појави на фотографиите со невестински мини букет и свршенички прстен на рака! Покрај една од од фотографиите е прикачен и нејзиниот пост, во кој има многу симболика, а во него таа вели: „На пат кон рајот“!
Тогаш, логично е да се запрашаме дали целта на патувањето во Мајами на Лоба и нејзиното момче не е токму “пат кон рајот“? Оној, животниот, се разбира! Но, веднаш потоа се појави и кусо видео на кое таа ја откри причината за покажувањето на свршеничкиот прстен и не само него, на својата рака!
Патем кажано се работи само за рекламна кампања на една позната продавница за злато, златен накит и скапоцени камења… во која пејачката е главниот лик!
Сепак ова беше само поттик таа да застане на лудиот камен, предвидувањата се исполнија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.