Виланова се враќа дома

Тренерот на Барселона, Тито Виланова, оваа недела ќе се врати на работното место, пренесуваат каталонските медиуми.Шефот на стручниот штаб на Барселона од работното место отсуствува од 21.јануари, кога по операцијата на плунковната жлезда, замина на терапија во Њујорк.Виланова на клупата на Барселона го наследи Пеп Гвардиола, кој замина на едногодишен одмор.Барселона на почетокот на сезоната играше моќен фудбал, а кризата во играта и резултатите уследи откако Виланова замина во Њујорк, во неговото отсуство тимот го предводеше помошникот Џорди Роура.На интернет страницата на Барселона стои јасна порака „Добредојде дома Тито“.
МакфаксТренерот на Барселона, Тито Виланова, оваа недела ќе се врати на работното место, пренесуваат каталонските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: