Винисиус ќе носи копачки со името на ѕвездата на женскиот тим на Барселона

Бразилскиот фудбалски ас и играч на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, одлучи да направи потег кој дефинитивно нема да им се допадне на навивачите на Реал Мадрид.

Имено, Винисиус ќе носи копачки на кои е гравирано името на Салма Паралуело, една од најдобрите фудбалерки на Барселона, на еден од неговите претстојни натпревари.

Иако станува збор за женскиот тим на Барселона, навивачите на Реал Мадрид сигурно воопшто нема да го сакаат потегот на Винисиус.

Винисиус сигурно не сакал тоа да се случи, но станува збор за кампања на „Најк“ во која учествува заедно со ѕвездата на женскиот тим на Челзи, Лорен Џејмс, сестрата на капитенот на машкиот тим на лондонскиот тим, Рис Џејмс.

Имено, како дел од кампањата на „Најк“, Џејмс креираше персонализирани фудбалски копачки кои му ги испрати на Винисиус, кој ќе ги носи на еден од претстојните натпревари.

Винисиус објави фотографија од копачките и му се заблагодари на Џејмс, а фановите веднаш забележаа важен детаљ на нив.

Имено, заедно со името Џејмс, на копачките стои и името Паралуело, што не им се допаѓа на навивачите на Реал Мадрид.
The post Винисиус ќе носи копачки со името на ѕвездата на женскиот тим на Барселона appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: