Виница се приклучува на Маршот на ангелите

Денеска и Виница се приклучува на Маршот на ангелите посветен на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
Собирот е закажан за попладне во 17:05 часот од плоштадот Ангел Винички.
– Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ. Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас, пишува во објавата на Фејсбук.
The post Виница се приклучува на Маршот на ангелите appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: