Виничани затруени со салмонела

Од петокот до вчера вкупно 215 лица побарале лекарска помош, а најголемиот дел се пожалиле дека во петокот јаделе од иста сендвичарница. Половината од затруените се вработени во виничка компанија за мебел и сите имале слични симптоми повраќање и дијареа. Седуммина се задржани на лекување во Клиничката болница во Штип.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во саботата ноќта ја затворил посочената сендвичарница. Покрај ДСЗИ на терен веднаш излегле и инспектори од Агенцијата за храна. Според првичните информации бактерија најверојатно е причина за масовното труење.
Земени се мостри од храната, за која Агенцијата ги чека официјалните резултати од лабораториското испитување, иако првичните наоди говорат дека се работи за бактериска загаденост, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.