Вин-вин ситуација за струјата и реформската агенда, Мицкоски уверува дека струјата нема да поскапи

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека е најдено решение за делот од реформската агенда поврзан со струјата што првично Владата најави дека нема да го исполни.
Мицкоски денеска во Собранието изјави дека е креирана вин-вин ситуација за да се исполни чекорот од реформската агенда, а притоа да не поскапи струјата за граѓаните.
– Во разговори со Европската Комисија дојдовме до еден релативен комрпомис, а тоа да интервенираме во Законот за енергетика во кој ќе допрецизираме, иако законот е таков и либерализиран пазарот за електрична енергија, би допрецизирале дека државната ЕСМ нема да испорачува повеќе од 70 проценти од количините потребни за снабдувачот почнувајќи од 1 јануари 2027.  ЕВН ХОУМ објавува тендер еднаш годишно, и тој тендер го опфаќа период од 1 јануари до 31 декември, и е завршен и не можеме на пола тендер да интервенираме. Затоа велиме од 1 јануари 2027 година.  Создадовме портфолио коешто ако добро го оптимираме не само што нема да ја поскапи цената на електричната енергија, туку и во дадена мерка ќе ја поевтини.  Целта ни е да понудиме конечна цена за 2027 година што на крај ќе имплицира 5 до 10 проценти поевтина цена на електрична енергија за граѓаните, рече Мицкоски.
Премиерот Мицкоски појасни дека количината на електрична енергија која ја трошат граѓаните е поделена во два дела, првиот дел го содржи делот на грејната сезона, од 15 октомври до 15 април, 24 часа на ден плус периодот од денот од 15 април до 15 октомври во ноќните часови, а вториот лот е периодот од денот од 15 април до 15 октомври преку ден кога сончевата радијација е најсилна и кога соларните панели најмногу произведуваат електрична енергија и која е поевтина од таа која се троши во ноќните часови.
Во однос на другите чекори од реформската агенда, премиерот уверува дека ќе бидат исполнети посочувајќи дека останува Изборниот законик кој зависи од опозицијата.
The post Вин-вин ситуација за струјата и реформската агенда, Мицкоски уверува дека струјата нема да поскапи appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: