Американскиот музичар Шон „Диди“ Комбс во затвор, каде што отслужува казна за поврзаност со проституција, има луѓе кои му готват, му ја чистат ќелијата, перат алишта и купуваат алкохолни пијалоци.
Како што објавува NBC News, Комбс (56), додека отслужува 50-месечна казна во затворот Форт Дикс во Њу Џерси, троши илјадници долари секој месец за да го направи својот престој зад решетки што е можно поудобен.
Извори од самиот затвор, кои се согласија да зборуваат под услов на анонимност, рекоа дека Диди има и свој масер.
Наводно, Комбс има пристап и до мобилен телефон на кој е инсталиран Инстаграм и преку кој една од неговите поранешни девојки му испраќа експлицитни фотографии.
Тој, исто така, добива антидепресиви од еден од затворениците за да му се подобри расположението.
Кога е во прашање храната, Диди има човек кој прави пилешко со кари и пица само за него, но наводно му здодеало да биде готвач и дал отказ.
Затворот Форт Дикс е „дом“ на околу 4.000 затвореници и, според некои од нив, многумина таму го почитуваат Комбс.
Диди треба да биде во затвор до јануари 2028 година.
The post „ВИП третман“ зад решетки: Диди Комбс има готвач, масер и човек за набавка на алкохол во затворот appeared first on Во Центар.



