Вирџинија Виард го презема Шанел

Вирџинија Виард, директорката на креативното студио на Шанел, ќе ја преземе должноста која досега ја извршуваше Карл Лагерфелд и ќе стане новата креативна директорка на оваа модна куќа, објави менаџментот на Шанел.
„Сосопственикот на компанијата Шанел, Ален Вартхајмер, позицијата за креирање/создавање ѝ ја доверил на досегашната директорка на креативното студио на Шанел, која воедно била и најблиска соработничка на Карл и која на таа позиција била повеќе од 30 години. Таа ќе биде задолжена за нови колекции, преку кои ќе остане наследството на Габриел Шанел и Карл Лагерфелд“, се вели во соопштението на копанијата.


Карл Лагерфелд со задоволство Вирџинија Виард ја нарекол „своја десна и лева рака“.
„Ако ја загубам, ќе бидам парализиран“, рекол своевремено.
Таа во јануари на крајот на модната ревија во Грант Палас ѝ се поклонила на публиката и се обратила наместо Лагерфелд, кој, како што рекле организаторите, не присуствувал на настанот бидејќи бил изморен. Во едно од ретките интервјуа, кое го дала во 2017-та година за магазинот „Madame Figaro“, Виард раскажала дека со 3D техника прави скици за својот ментор.
„Долго се познаваме и многу лесно ги претворам неговите замисли во скици. Имаме седум работилници, годишно осум колекции, но Карл ги води сите нив“, рекла Виард и попатно открила дека на Карл му се обраќа со „Вие“.
Тој е единствената личност која толку добро ја познавам, а ѝ се обраќам со ‘Вие’ и тоа многу ми се допаѓа“, додала новата креативна директорка на модната куќа Шанел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.