Вистинска пролет на почетокот на март

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се двужи од 17 до 24 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.