Витаминот Ц чува се – од коски до срце

Уморни сте и нервозни, чувствувате болка во мускулите и зглобовите, а кожата ви станала сува. Можеби ви недостасува витамин Ц. Витамин Ц или аскорбинска киселина е хидро-растворлив витамин. Ова значи дека е растворлив во вода и дека не се задржува во телото.
Нека во вашата чинија биде шарено. Од жолта, портокалова, преку црвена до зелена боја. Првата асоцијација на витамин Ц е лимон. Меѓутоа, во овој прекрасен период во кој сме сега, тука се јагодите, салатата, сите зелени овошја и зеленчук.


За телото да функционира нормално потребни се многу витамини и минерали, а еден од најважните е витаминот Ц. Витаминот Ц има многу функции во вашето тело, пред сè, многу е важен за создавање на колаген. Тоа е протеин кој е вграден во крвните садови, коските, забите и е важен за функционирањето на овие структури.
Витаминот Ц учествува во многу воспалителни процеси, кај алергии се дава во поголеми дози и го зајакнува имунолошкиот систем. Витаминот Ц чува се, од коски до срце. Ве штити од штетните дејства на слободните радикали и го спречува потенцијалното оштетување на ткивото.
Со ништо не треба да претерувате, па ова правило важи и за витаминот Ц.
Користењето прекумерни дози, особено додатоци, може да предизвика абдоминална болка. Тие што имаат болест со бубрезите треба да бидат повнимателни во случајот со витамин Ц, бидејќи може да потенцира формирање на бубрежни камења.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.