Витаминска бомба во мало пакување: Зошто мора да јадете сливи?

Сливата е полно со витамини и минерали. Еве зошто треба сливите почесто да ги додавате во вашето мени.
Сливата е кралица на доброто варење
Богата е со прехранбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата и чистењето на организмот и влијаат на запекот.
Го регулира крвниот притисок
Во 100 грама свежи сливи се наоѓаат околу 160 милиграми калиум. Овој минерал игра важна улога во регулирање на крвниот притисок.
Ја подобрува работата на срцето


Истражувањата покажале дека редовното консумирање на сливите благопријатно делува на срцето и крвниот систем.
Го зајакнува имунитетот
Сливата е преполна со витамин Ц кој го чува здравјето на целото тело и го зајакнува имунитетот на поединецот.
Добра е за кожата
Бетакаротинот и витаминот Е кои ги содржи сливата ја одржуваат еластичноста на кожата и го забрзуваат зараснувањето на раните.
Сливата е чувар на коските
Големата количина антиоксиданси и минерали се заслужни за зачувување на коскената маса и придонесуваат за општо здравје на коскениот систем.
Сливата го поттикнува слабеењето
Во 100 грама сливи се наоѓаат само 45 калории. Поради тоа консумирањето на ова овошје им се препорачува на лицата кои се обидуваат да ослабат и да одржат здрава телесна тежина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.