Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи поднесе оставка од функцијата. За оставката тој информираше преку објава на Фејсбук.
– Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа на ова патување. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и за подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да, вели Фетаи.

Оставката ја коментираше попладнево и премиерот Христијан Мицкоски.
– Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Во јуни не очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме, ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамки на Владата, изјави Мицкоски.
Вицепремиерот Фетаи повеќе од два месеца не доаѓа на работа. На последните пратенички прашања, опозицијата со прашања до власта дали фетаи сеуште зема функционерска плата и кој му ги плаќа патувањата во странство.

The post Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: