Виља: Ја заслуживме победата

Напаѓачот на Барселона, Давид Виља, по натпреварот со Милан, на кој неговиот тим оствари победа од 4:0 и се пласира во четврт финалето во Лигата на шампиони, рекол дека екипата со многу самодоверба влегла во натпреварот, сигурна дека може да го надополни минусот од два гола.

„Тргнавме агресивно со цел да победиме уште од првата минута. Верувавме дека можеме да се пласираме во четврт финалето. Мислам дека целосно го заслуживме овој резултат. Со ова наше издание против Милан лошиот период кој го имавме е минато“, рекол Виља. Напаѓачот на Барселона го постигна третиот гол за својот тим, покрај него во победата од 4:0 меѓу стрелците се запишаа Лео Меси (два гола) и Жорди Алба.
Макфакс
Напаѓачот на Барселона, Давид Виља, по натпреварот со Милан, на кој неговиот тим оствари побед

Пронајдете не на следниве мрежи: