Вкусен оброк a лесна подготовка: Направете грчка пита со спанаќ

Грчка пита од спанаќ без кора направена со само неколку состојки може да биде идеален избор за лесен ручек.

Благодарение на комбинацијата од сирења, путер и јајца, структурата на оваа пита останува сочна, а вкусот е богат и полн. Комбинацијата од спанаќ, фета сирење, моцарела и путер ќе ѝ даде на питата препознатлив грчки мирис што ќе ја направи целата куќа да мириса превкусно.

Потребни состојки:

две лажици маслиново масло, 290 грама спанаќ, 130 грама брашно, една лажица прашок за пециво, една лажица сол, 250 милилитри млеко, две јајца, 60 грама маргарин, 120 грама моцарела, 120 грама фета сирење, две лажици пармезан, сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 190 степени. Загрејте го маслиновото масло во тава, потоа додадете го сечканиот спанаќ и зачинете со сол и црн пипер по вкус. Префрлете ја смесата во цедалка и исушете ја со хартиени крпи. Во голем сад измешајте го брашното, прашокот за пециво и солта, потоа додадете го млекото, јајцата, растопениот путер и измешајте. Додадете го спанаќот, ренданата моцарела и издробеното фета сирење во смесата. Добро измешајте ја смесата и истурете ја во плех за печење обложен со хартија за печење или намастен со маслиново масло, а потоа наросете со рендан пармезан.

Печете околу 40-45 минути во добро загреана рерна, потоа извадете ја да се олади најмалку 15 минути пред да исечете на коцки.
The post Вкусен оброк a лесна подготовка: Направете грчка пита со спанаќ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: