Вкусовите на Грција: Медитерански омлет

Грција е една од најпосетуваните дестинации од страна на Македонците.
Оваа земја изобилува со разни специјалитети, а за вас издвојуваме медитерански омлет.
Состојки:
– 8 јајца;
– 1/2 шолја млеко;
– 1/4 лажица мелени црвени пиперки;
– 2 лажици маслиново масло;
– 2 тиквички;
– 1 црвена пиперка;
– 1 зелена пиперка;
– 1 шолја шери домати (цели);
– 1 лажица суво оригано (може и босилек);
– 1/4 шолја миризливо фета сирење;
– сол;
– бибер.


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад скршете ги јајцата, додадете млеко, посолете, додадете бибер и додадете ги црвените пиперки ако сакате да ги искористите. Мешајте додека не ја добиете посакуваната смеса. Ставете ја настрана.
Во голема тава за печење (отпорна на рерна), загрејте масло. Додадете ги тиквичките, црвената и зелената пиперка и гответе 3-5 минути додека не омекне. Додадете ги доматите и ориганото и зачинете со сол и бибер. Во тавата додадете ја смесата од јајцата. Гответе неколку минути. Додадете го фета сирењето и ставете ја тавата во претходно загреаната рерна
Печете 15-20 минути. Послужете додека е жешко!
Променете го вкусот со било кој зеленчук кој го имате при рака – додадете малку свеж или исушен босилек и моцарела, малку шунка… Можностите се бескрајни!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.