петок, 27 ноември 2026
Најново

Владата денеска на вонредна седница ќе го врати ДДВ-то на бензините од 10 на 18 проценти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница на која ќе донесе одлука за делумно продолжување на мерките за цените на горивата. Како што најави вчера премиерот Христијан Мицкоски, досегашната повластена стапка на ДДВ за бензините од 10% ќе се врати на редовните 18%, но граѓаните и натаму ќе добиваат поддршка преку акцизите.

Намалените акцизи за два денари за литар, кои важат и за бензините и за дизелот, ќе останат во сила. Дополнително, премиерот информираше дека се водат интензивни разговори со компанијата „Окта“ за обезбедување можен дополнителен попуст во првата половина на јуни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според првичните владини калкулации, по комбинирањето на новите мерки не се очекуваат ценовни шокови за потрошувачите. Премиерот Мицкоски излезе со конкретни математики за тоа како модифицираните мерки ќе се одразат во пракса:

„Кога ќе ги имаме предвид сите овие мерки, тогаш очекувам цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, а дизелот да поевтини околу 6 и пол денара, 6 до 6,5 денара. Отприлика ова се бројките кои нашите калкулации ги кажуваат, а ќе видиме како ќе направи пресметка Регулаторна“, изјави премиерот.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре ќе ги направи финалните пресметки и официјално ќе ги донесе новите цени на нафтените деривати кои ќе важат на бензинските пумпи.

Во моментов, во земјава бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 87,5 денари за литар, 98-октанскиот бензин чини 89,5 денари, додека дизел горивото се точи по цена од 92 денари за литар.

Поврзани вести