среда, 11 ноември 2026
Најново

Владата засега не се размислува за ограничувања за горивата во пограничните региони, иако потрошувачката е зголемена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека не се размислува за воведување на ограничувања за точење на гориво во пограничните делови од државата, иако таму, како што изјави, во одредени денови потрошувачката расте и до 30 проценти.
Според Мицкоски, досега нема никакви проблеми во снабдувањето со горива и државата има доволно дизел, бензин и керозин во државните резерви.
– Во овој момент,факт број еден е дека граѓаните кај нас користат најевтини горива во регионот и факт број два – имаме доволно количини. Засега не гледаме никаков предизвик поврзан со недостиг. Доколку се случи таков предизвик, тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе спремиме нова стратегија, рече Мицкоски.
Најголема потрошувачка на гориво, како што рече, има на северната, јужната и западната граница затоа што во имаме најевтино гориво и странски државјани полнат гориво кај нас.
– Притисокот е најголем на северната, јужната и на западната граница затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива, вели Мицкоски.

Поврзани вести