петок, 27 ноември 2026
Најново

Владата назначи нов директор на Инспекторатот за македонски јазик

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата донесе одлука со која Менче Андреева од Велес беше назначена за нова директорка на Инспекторатот за македонски јазик. Таа поседува лиценца како лектор по македонски јазик и претходно работеше во Основното училиште „Рајко Жинзифов“ во велешкото село Горно Оризари. Со нејзиното назначување на оваа позиција, се очекува да започне имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој беше усвоен во Собранието кон крајот на јануари минатата година, но сè уште не е применет.
Инспекторатот за македонски јазик е одговорен за надгледување на примената на овој закон во сите државни институции, органи на државната управа и медиумите. Неговите обврски вклучуваат не само да дава предупредувања, туку и да изрекува казни ако не се почитуваат одредбите на законот. Законот исто така предвидува задолжително лекторирање на документи и други материјали, како и ангажирање лектори во институциите и медиумите. Текстот на Предлог-законот беше подготвен од претходниот состав на владата, Советот за македонски јазик и министерството за култура, под водство на поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Поврзани вести