Владата на Јанша неуспешна за 84 отсто Словенци

Актуелната влада на Јанез Јанша дури 84 отсто од Словенците ја сметаат за неуспешна, додека 14 отсто се задоволни од нејзината работа, покажа анкетата што ја објавија телевизиската станица POP TV и љубљанскиот дневен весник Dnevnik, што претставува најлош рејтинг на владата на премиерот Јанша досега во редовните месечни анкети кои за овие медиуми ги изработува агенцијата Ninamedia.Идејата за нова влада која би ја заменила оваа на Јанез Јанша ја поддржуваат 44 отсто од испитаниците, а 36 проценти го гледаат излезот од сегашната политичка криза во сто поскори предвремени парламентарни избори, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мнение извршено кон средината на минатата седмица.Доколку, пак, би се случиле предвремени избори, на нив најмногу гласови, 12,4 отсто би добиле Социјалните демократи (SD) на Игор Лукшич, на второ место со 10,3 отсто би била Словенската демократска партија (SDS) на Јанез Јанша, а партијата Позитивна Словенија (PS) би добила 6,2, проценти, додека Словенската народна партија (SLS) 6 отсто од гласовите, според анкетата.Словенечкиот парламент оваа седмица, најверојатно во среда, ќе гласа за аленка Братушек како мандатар за состав на новата влада. Доколку при тајното гласање за неа гласаат повеќе од половината од пратениците Братушек би го добила мандатот да ја состави новата влада, а на сегашната влада на Јанша би ѝ било изгласана недоверба, но до изборот на новата би морала да продолжи да ги извршува тековните работи.Аленка Братушек за мандатарка ја кандидираше Позитивна Словенија (PS), партијата со најмногу пратеници во сегашниот состав на словенечкиот парламент, а своите гласови ѝ ги ветија и од Граѓанската лиса (GL), Демократската партија на пензионерите (DESUS) и Социјалните демократи (SD) со кои би се поврзала во нова владејачка коалиција, доколку успее да состави влада.
МакфаксАктуелната влада на Јанез Јанша дури 84 отсто од Словенците ја сметаат за неуспешна, додека 14 отсто се задоволни од н

Пронајдете не на следниве мрежи: