четврток, 12 ноември 2026
Најново

Владата прогласи кризна состојба, има недостиг од мазут за производство на електрична енергија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата на Северна Македонија објавува дека прогласи кризна состојба во траење од седум дена, поради недостаток на производство на електрична енергија, што е резултат на недостатокот на набавка на мазут.

„Владата, на денешната редовна 138-ма владина седница, по предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, за период од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука.“

„Како што информиравме во претходните денови, оваа одлука е последица на неможноста да се обезбеди мазут, кој е неопходен во процесот на производство. Задолжителните резерви на нафтени деривати ќе бидат достапни без надомест, додека ЕCM АД е должен да достави извештај до Владата и Министерството за финансии за трошењето на нафтениот дериват – мазут“, велат од Владата на Македонија.

Поврзани вести