Цената на нафтата на светските берзи вчера достигна нов рекорд по влошените односи помеѓу Иран и Обединетите Арапски Емирати,но, македонските власти не планираат дополнителни мерки за евентуално избегнување на нов ценовен шок. Засега според изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, ДДВ-то на горивата нема да се намалува, но уверува дека владата ќе ја следи состојбата.
„Во овој момент немаме такви планови. Но тоа не значи дека тоа нема да се промени. Ги следиме состојбите, ќе видиме како ќе биде и ќе носиме одлуки на сединиците на влада“, вели министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочоска.
Во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на горивата во земјава кои ќе бидат на сила седум дена.



