Потрошувачката кошничка што ја изработи Владата и која ќе биде пандан на синдикалната минимална кошничка е веќе готова. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вели дека е дадена на разгледување на членовите на Економско-социјалниот совет.
Ристески денеска во изјава рече дека оваа кошничка е базираната на релеватни показатели.
– Едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од маркетите, пазарите,… Ќе ни биде потребна кога имаме економски кризи или одредени економски политики, да ни дава насоки во креирање нови законски решенија, економски стратегии, одлуки, рече Ристески.
Владата тргна во изработка на нова потрошувачка кошничка затоа што според неа, потрошувачката кошничка што со години ја изработува Сојузот на синдикати не соодвествува со реалноста.
Според заменик-министерот за економија, во моментот нема потреба и од ограничување на маржите или цените бидејќи, вели имаме нормална инфлација во однос на кризата на светско ниво.
The post Владата ја подготви потрошувачката кошница, треба да биде прифатена од ЕСС appeared first on Provereno.



