Владата на Северна Македонија остро го осудува вандализмот и неприфатливоста на палењето возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопјe.
Оттаму, ваквите дејствија претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не треба да имаат место во демократска држава.
„Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расветлување на случајот и идентификување на сторителите. Како Влада, сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде санкциониран во максимална мера.“
Државата има капацитет и ќе одговори со целата сила на институциите, а ние нема да дозволиме поединци да го нарушат угледот на Македонија.
„Очекуваме брза и ефикасна истрага, целосно објаснување на инцидентот и соодветна кривична одговорност за сторителите“, се вели во одговорот на Владата на РМ.
Владата, додаваат тие, останува цврсто посветена на заштитата на сите граѓани и дипломатски мисии во земјата и на одржувањето на стабилноста, безбедноста и добрососедските односи.
The post Влада на Република Бугарија: Остро го осудуваме палењето на бугарските дипломатски возила во Скопје appeared first on Во Центар.



