Владимир Чадиковски си замина од болницата “Жан Митрев“

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски вчера поднел оставка во болницата на Жан Митрев, каде е во работен однос од февруари годинава. Чадиковски за ТВ “Сител“ ја потврдил информацијата и рекол дека оставката веќе е депонирана. Неофицијално, дознаваме дека деновиве од кај Жан Митрев ќе заминат и останатите членови од тимот кои заедно со Чадиковски преминаа во приватната болница. Засега нема информации каде ќе продолжат со работа.
Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург, по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, премина во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца, а истите ги покрива ФЗОМ.
Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, бил разочаран поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.