Владина апликација следи милиони граѓани? Експертите предупредуваат – таа е инсталирана на сите нови телефони

Руските власти вршат притисок за укинување на WhatsApp, но се залагаат за нова државна апликација наречена MAX, за која постои сомневање дека шпионира граѓани.

Рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор се закани дека целосно ќе го забрани WhatsApp доколку платформата не ги исполни новите барања на државата. Според властите, апликацијата во сопственост на Мета наводно го олеснува ширењето на измами, криминални активности и екстремизам, и затоа се смета за „безбедносен ризик“.

Овој потег претставува продолжение на повеќемесечниот конфликт. Уште во летото, Русија ги ограничи повиците преку WhatsApp , тврдејќи дека компанијата не им доставува доволно податоци на истражните органи. Сега е најавено целосно затворање на услугата, додека државата им препорачува на граѓаните да ја користат домашната апликација MAX како „побезбедна алтернатива“, пишува Independent. 

 

WhatsApp објави дека забраната ќе ја загрози приватноста на милиони корисници и дека целта на руските власти е да ги контролираат комуникациите. Доколку дојде до блокирање, корисниците ќе бидат принудени да се префрлат на MAX, кој веќе предизвикува критики од експертите, бидејќи анализата на софтверот покажува обемно собирање податоци, евидентирање на пораки, повици и локации, како и потенцијален владин надзор.

Од септември 2025 година, оваа апликација мора да се инсталира на сите нови уреди во Русија, што покренува дополнителни прашања за ограничувањето на дигиталната приватност и слободата на комуникација на граѓаните.
The post Владина апликација следи милиони граѓани? Експертите предупредуваат – таа е инсталирана на сите нови телефони appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: