Власта се плаши од вистината: Мудрите и способни луѓе се закана за оние на власт, затоа што ја откриваат нивната неспособност

Уште во најстарите цивилизации, пред повеќе од 4.000 години, луѓето го согледувале истиот проблем: власта се плаши од вистината, а мудрите се игнорирани или презирани.

„Оној што зборува вистина, го мразат. Оној што лаже, се сака и почитува. Оној што краде, се слави… Оној што е мудар, се казнува.“ – Древен Египет, „Дијалогот на разочараниот со својата душа“ (околу 2000 год. п.н.е.)

„Кога мудриот зборува, будалата се смее; кога будалата зборува, народот вели: ‘Каков крал!’“ – Сумерска поговорка (околу 2000–1800 год. п.н.е.)

„Слуга станал господар. Мудриот молчи. Бунтовникот е храбар, а мудрецот е ништо.“ – Пророштва на Ипувер (околу 1600–1550 год. п.н.е., Египет)

“Додека или филозофите не станат кралеви, или оние што сега се нарекуваат кралеви и водачи не почнат вистински да филозофираат… нема да има крај на злата за државите.” – „Државата“, Платон (околу 427–347 год. п.н.е.)

“Кога најдобрите владетели ги водат луѓето, луѓето речиси и не знаат дека ги водат. Кога лошите владетели владеат, луѓето се полни со страв и омраза.” – “Дао де џинг”, Лао Це (6 век п.н.е.)
“Владетелот мора да биде внимателен кои советници ги слуша; премногу мудри советници се опасни ако ја разоткриваат неговата неспособност.” – „Владетелот“, Николо Макијавели (1469–1527)

“Во секоја организација, најталентираните се најмалку поддржани. Институциите се дизајнирани да ги задушат, а не да ги истакнат.” – Фридрих Ниче (1844–1900)

“Независното размислување е ерес… Вистината е закана за моќта.” – „1984“, „Животинска фарма“, Џорџ Орвел (1903–1950)

Ако треба да сумираме, мудрите и способни луѓе се закана за оние на власт, затоа што ја откриваат нивната неспособност.

Моето размислување „Зошто сите властодршци ги презираат компетентните луѓе и нивните совети? Затоа што веднаш би се видело колку се глупави и дека прво нив треба да ги избркаат од фотелјите.“ всушност е многу блиско до ставовите на Макијавели, Ниче и Орвел, а проблемот е стар – колку што е стар светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: