петок, 27 ноември 2026
Најново

Влатко Стефановски одбележa 50 години кариера со емотивен концерт во Сараево (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот музичар Влатко Стефановски синоќа одржа концерт во сараевскиот БКЦ.Со овој концерт, тој претстави и пресек на својата 50-годишна кариера и најави нов албум, чиј процес на создавање траеше три години.На сцената му се придружија Дамир Имери, Јан Стефановски и Иван Кукиќ, што дополнително го збогати ова музичко искуство.За сараевската публика, гитарскиот виртуоз ги отсвире следните песни: „Џипси сонг“, „Јовано, Јованке“, „Бистра вода“, „Чукни во дрво“, и бројни други емотивни изведби.По Сараево, македонскиот музичар ја продолжува својата турнеја низ Босна и Херцеговина, во Мостар на 26 октомври во Косача, а еден ден подоцна, на 27 октомври, во Зеница во БНП. Пред главниот град на Босна и Херцеговина, тој одржа концерт и во Бјелина.

Поврзани вести