ВЛЕН: Беким Сали ќе биде вицепремиер

Беким Сали ќе биде наследник на Изет Меџити на функцијата прв заменик-премиер.

ВЛЕН вели дека ова е завршена работа. Претставникот на оваа коалиција, Дритон Сулејмани, вели дека во наредните денови, заедно со премиерот, ќе бидат договорени деталите.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ е првата партија на власт, ВЛЕН по овие избори е втората партија со политичка моќ во нашата земја и како резултат на овие избори се случи позицијата прв вицепремиер на г-динот Меџити, бидејќи тој се натпреваруваше на локалните избори во Чаир и ги доби, да биде празна. Деталите за тоа како ќе се спроведе оваа операција на овие позиционирања ќе останат да се договорат на состанок што нашите лидери ќе го имаат заедно со премиерот Мицкоски, каде што сите детали за тоа кој ресор ќе го претставува г-динот Сали во следната Влада – што ќе биде првиот вицепремиер е завршена работа, но секој ресор во позадина, останува да се договори на следниот состанок што нашите лидери ќе го имаат со Мицкоски“, рече Дритон Сулејмани, ВЛЕН.

Потсетуваме дека премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, јасно стави до знаење дека нема да има дополнителни министерства за ВЛЕН, тој рече дека не е предвиден поголем простор во владата за албанската коалиција.
The post ВЛЕН: Беким Сали ќе биде вицепремиер appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: