петок, 27 ноември 2026
Најново

ВЛЕН ќе го поддржи Максим Димитриевски во вториот круг од локалните избори во Куманово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, се сретна со Изет Меџити од ВЛЕН. Димитриевски вели дека ја добил поддршката од ВЛЕН за вториот круг, каде што ќе се соочи со противкандидатот Горан Стојковски.„Раширени раце! Денес имав средба со новиот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, организацискиот секретар на Алтернатива, Башким Муртазин и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топол и искрен разговор со претставници на коалицискиот партнер ВЛЕН, добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово — поддршка што ја одразува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, што дава дополнителна енергија и мотивација да се продолжи напред во реализацијата на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.“„Ви благодарам на сите што ја препознавате и поддржувате визијата за иднината на Куманово и Македонија. Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на нашите сограѓани од Куманово“, напиша Димитриевски.

Поврзани вести