ВМРО:ДПМНЕ: Филипче и Заев вмешани во корупција од продажбата на станови во Тетово

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев и сегашниот лидер Венко Филипче дека мора да одговорат дали е постигнат договор за процент од продажбата на становите во Тетово во случајот со бизнисменот „Дака“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, преку измените на урбанистичкиот план во Тетово во 2020 година, проектот е проценет на околу 200 милиони евра, а се споменуваат и побарувања за лична корист и вмешаност во аудио снимки што циркулираат во јавноста.

„Затоа, СДСМ, Заев и Филипче се должни да одговорат дали е договорен и процент од продажбата на становите, кои во тоа време беа проценети на 200 милиони евра? Кога станува збор за криминал и корупција, СДСМ, Заев и Филипче се подготвени на сè, само за да си ги наполнат џебовите. Јавното обвинителство мора да ги истражи овие сомневања“, рече Бране Петрушевски.

The post ВМРО:ДПМНЕ: Филипче и Заев вмешани во корупција од продажбата на станови во Тетово appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: