ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари треба Богац да украде, тоа Филипче да го смета за криминал?

Претседателот на СДС, Венко Филипче организирал некаква си конференција, за која не му присуствувал ниту еден претседател на партија од сестринските на СДС во регионот. Но, нејсе, тоа е негова лична и партиска работа, седенки може да си прави со кого сака и кај сака, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушнавме дека Филипче пак зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, па не интересира дали на претставниците од регионот им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган, ИО на СДС има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов. Исто така, им кажа ли Филипче на присутните на таканаречената конференција дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, затоа како директор на Царинска управа местел тендери за кои добивал финансиска надокнада. Кога сме кај криминалот на Богоев прашуваме, колку пари треба Богац да украде, тоа Филипче да го смета за криминал? Следно и најважно, им кажа ли Филипче на регионалните претставници дека тој како министер за здравство лично ја подготвил тендерската спецификација за набавка на модуларни болници надвор од сите стандарди и дека во една од нив, во тетовска за две минути живи му изгореа 14 луѓе. Освен што сам го подготвил тендерот за модуларните, Филипче потпишал и анекс на договорот за зголемување на цената за 20%, што отвора сомнеж дека станува збор за провизија која завршила во негов џеб“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Филипче треба да расчисти со криминалот во СДСМ, но како што велат, да почне самиот од себе.

„Им кажа ли Филипче дека во корона периодот сакал да набави ковид вакцини од фирма за трговија со јужно овошје, за двојна повисока цена од пазарната, и дека фирма која добила тендери за јаглен од ЕСМ, му подарила џип Ауди Q10. И дека, само за да го донесат на власт, се претворил во пиун на Румен Радев и повеќе од Бугарија бара уставни измени. Долга е листата што се Филипче требало да каже на денешната собиранка во Скопје, за да има кредибилитет да зборува за некакво обединување и борба против криминалот и корупцијата. За да биде кредибилен фактор, како што не е, Филипче прво треба да започне со расчистувањето на криминалот во редовите на СДС, првенствено почнувајќи од самиот себе“, соопштија од владејачката партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: